Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ ,  Центар ја промовира македонската и европската гастрономија

Активности
Нож и виљушка
25.03.2026

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ ,  Центар ја промовира македонската и европската гастрономија

Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира  македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна.


„Храната е дел од нашиот културен идентитет и начин да ја споделиме домашната традиција со другите. Со проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ ги доближуваме македонската и европската кујна до граѓаните, а локалните производители ќе имаат можност да се претстават со своите автентични производи. Како и претходната горина, очекувам пријатна атмосфера, дружба и размена на вкусови и искуства“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.


Во рамки на настанот се предвидува  програма со различни активности наменети за сите возрасни категории, како и музички настапи што ќе ја збогатат манифестацијата.


На јавниот повик можат да се пријават регистрирани здруженија, организации и правни субјекти од областа на културата со седиште во Општина Центар, кои ќе понудат концепт и програма за реализација на проектот.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавувањето на повикот на општинската веб-страница, каде што е достапна и пријавата за аплицирање.

Галерија
Submitted by miai on 25.03.2026 - 09:14