Активности
05.12.2025
„Работнички“ добива модерна сала по ФИБА стандарди!
Поставуваме нов паркет на теренот од 700 м², кој веќе следната недела ќе биде целосно завршен. Во тек е и доинсталација на семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани.
Салата е целосно енергетски ефикасна, со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови трибини, црвено-бел амбиент во боите на КК „Работнички“, соблекувални, простории за судии, медицинска и допинг-контрола, како и инклузивни тоалети со пристапна рампа.
Ова не е само реконструкција – ова е ново поглавје за „Работнички“ и за спортот во Центар!
Со мене на обиколката беа и легендите на „Работнички“, Митко Луковски и Огњан Герасимовски, кои ја поздравија реализацијата на проектот.