Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на првата конститутивна
седница на Советот на Општина Центар-Скопје
Ја свикувам првата конститутивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на 19.11.2025 година /среда/ во 13 часот.
За седницата го предлагам следниов
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Избор на претседател и на членови на Верификационата комисија
на Советот на Општина Центар-Скопје.
- Извештај на Верификационата комисија со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Центар-Скопје.
- Избор на претседател на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци. Ве молиме за присуство на седницата.
Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел.
3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.
Совет на Општина Центар-Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Виолета Велковска с.р.