Герасимовски: Обновени фискултурната и свечената сала во „Димитар Миладинов“

Активности
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во целосно обновените простории во ООУ „Димитар Миладинов“, свечената и фискултурната сала.
Обновени фискултурната и свечената сала во „Димитар Миладинов“
04.11.2025

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во целосно обновените простории во ООУ „Димитар Миладинов“, свечената и фискултурната сала.

Реконструиран е подот на фискултурната сала, поставен е нов паркет, обновени се ѕидовите и покривната внатрешна површина, поставени се нови прозорци, обележан е спортскиот терен, а ставено е и ново енергетски ефикасно осветлување.

Во свечената сала, на површина од 300 м², саниран е паркетот, ламинатот на бината е заменет со паркет и поставени се нови скали. Реконструирани се ѕидовите, а поставени се и четири нови прозорци. Вградено е енергетски ефикасно осветлување.

„Создаваме современи и безбедни простори за настава, спорт и рекреација. Реконструкцијата на фискултурната сала е поттик за младите да бидат физички активни, што е важно за нивниот развој“, 

- истакна Герасимовски.

Во новата програма се предвидува и реконструкција на базенот во училиштето, со што ќе се подобрат условите за спорт.

Галерија
Submitted by alfa4 on 04.11.2025 - 14:32