Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува Решение за свикување на 50. седница на Советот на Општина Центар – Скопје.
Седницата ќе се одржи на 4.7.2025 година /петок/ , со почеток во 13.00 часот Усвојување на Записникот од 49. седница на Советот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/42 од 10.6.2025 година за усвојување на Кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период јануари-март 2025 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Установата од областа на културата Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО Скопје.
3. Предлог-одлука за усвојување на финалниот Извештај за Реализација на Годишната програма на Установата од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО“ за 2024 година.
4. Разгледување на Иницијатива за имплементација на обуката за самозаштита во Годишните програми за работа на образовните институции на територијата на Општина Центар-Скопје.
5. Предлог-одлука за измена на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Општина Кисела Вода за вршење работи од областа на градежната инспекција.
6. Предлог-одлука за продолжување на важноста на Договорот за поставување урбана опрема-рекламни паноа на јавни површини на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
7. Предлог-одлука за давање согласност на Измена на Годишниот план за вработување во 2025 година, во Општина Центар-Скопје.
8. Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за ГП 2.1 во ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, Општина Центар-Скопје, тех.бр. 0801-611/18 од декември 2020, донесен со Одлука бр. 08-708/2 од 28.1.2021 година.
9. Предлог-одлука за донесување/недонесување на план за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на три градежни парцели од ГП 1.1 во Изменување и дополнување на ДУП Голем ринг јужен дел-исток, опфат помеѓу улиците: ул. Васил Аџиларски, река Вардар, бул. Кочо Рацин и ул. Мирче Ацев, Општина Центар-Скопје.
10. Предлог-одлука за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје без надоместок на КК „Работнички“ АД Скопје во учебната 2025/2026 година.
11. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за извршенотпис на основни средства, донесена од Училишниот одбор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
12. Предлог-одлука за давање согласност на Статут на приватната установа за деца Детска градинка „ФИЛОС-ЛИТЛ ЛЕНГУИЧ ЛЕРНЕРС“ од подрачјето на Општина Центар-Скопје.
13. Предлог-план за измена и дополнување на план на програми за развој за период 2025-2027 година на Општина Центар-Скопје.
14. Предлог-програма за измена и дополнување на Програматата за уредување на градежно земјиште на Општина Центар-Скопје
за 2025 година.
15. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
16. Предлог-програма за реконструкција и санација на основните училишта на Oпштина Центар-Скопје за 2025 година.
17. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина
Центар-Скопје за 2025 година.
18. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
19. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
20. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
21. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација.