Раководител на Одделение за буџетска контрола
Сектор за финансиски прашања
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за буџетска контрола
Одделение за буџетска контрола
Телефон
Опис на работната позиција
Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со Одделението за буџетска координација согласно законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, финансиското управување и контрола и други прописи поврзани со финансиското работење на Општината.
Права и обврски
Им распоредува работи и задачи на вработените во Одделението и врши непосредна контрола и надзор како се извршуваат работите
Подготвува и предлага план за работа на Одделението и се грижи да се реализира планот за работа
Устварува редовни контакти со другите раководители и разменува информации и искуства
Ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, уредувањето на изворите на приходи на Општината итн. и се грижи за нивната примена
Се грижи навремено, законито и квалитетно да се изготват: буџетот на Општината, одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, завршната сметка и годишниот извештај
Следи како се извршува Буџетот на Општината и се грижи за подготовка на анализи и квартални извештаи за тоа како се извршува буџетот
Се грижи да се оствари и да се примена трезорското работење и се грижи за подготовка на месечни, квартални и годишни планови за трошење на средствата од буџетот на Општината и го следи нивното извршување