ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош заради штетата предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје случена на ден 21.07.2026 година

Соопштенија
Јавен повик
1
29.07.2026
1

                                                                                                          ОПШТИНА ЦЕНТАР

                                                                                                                     Скопје

Врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 202/24), а во врска со член 34 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16, 106/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 215/21, 124/25 и 148/26), како и Правилникот за начинот и условите за остварување на еднократна парична помош заради штетата предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје на ден 21.07.2026 година („Службен гласник на Опшитна Центар-Скопје“ број 9/26),  Градоначалникот на Општина Центар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна парична помош заради штетата

предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје

случена на ден 21.07.2026 година

1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1. Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за доделување на еднократна парична помош заради штетата предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје случена на ден 21.07.2026 година согласно Правилник донесен од Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ број 9/26).

2. ПРАВО, УСЛОВИ И НАЧИН НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ

2.1. Право на доделување на еднократна парична помош имаат сите физички и правни лица врз основа на поднесено барање кои претрпеле штета на недвижен имот што се наоѓа на подрачјето на Општина Центар – Скопје исклучиво за штета на кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување оштетени од природната непогода на подрачјето на Општина Центар – Скопје случена на ден 21.07.2026 година

2.2. Барањето се поднесува во Архивата на Општина Центар – Скопје, ул. Михаил Цоков бр. 1, Скопје, РС Македонија (со назнака: За Јавен повик доделување на еднократна парична помош од елементарна непогода случена на 21.07.2026 година) секој работен ден од 09:00 часот до 15:00 часот со прилог на следната документација и докази од која може да се утврди оправданоста на барањето и тоа:

  • податоци за подносителот на барањето  (име, презиме/назив и адреса/седиште);
  • недвижниот имот за кој се поднесува барањето да се наоѓа на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • За колективни објекти за домување одлука за поднесување барање за еднократна парична помош од управител или од претседател на заедница на сопственици донесена од мнозинство на сопствениците на објектот 50% плус еден сопственик, со прилог имотни листови од сопствениците на станови кои дале согласност;
  • за индивидуални објекти за домување и за објекти за кои не постои законска обврска за формирање на заедница на станари и/или ангажирање на управител, пријава потпишана од мнозинство на сопствениците на објектот 50% плус еден сопственик, со прилог имотни листови од сопствениците на станови кои дале согласност;
  • трансакциска сметка на подносителот на барањето;
  • записник, потврда или друг документ од надлежен орган за штетата предизвикана од природна непогода случена на ден 21.07.2026 година;
  • фотодокументација од недвижниот имот за штетата предизвикана од природна непогода случена на ден 21.07.2026 година.

2.3. Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош се поднесува во рок не подолг од два месеци од денот на објавување на Јавниот повик.

3. ПОСТАПКА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК

3.1. Постапката ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје во рамките на утврдениот лимит и расположливите средства во Буџетот, ги оценува степенот на оштетеност прикажан во доставената документација и водејќи се од начелото на еднаков пристап и обезбедување пропорционален надоместок во однос на настанатата штета, при што во одредувањето на висината на паричната помош особено ги има во предвид:

- социјалниот статус на подносителот на барањето;

- околноста дали недвижниот имот е осигурен во осигурително друштво; 

- причината за настанатата штета;

- евентуалната доставена процена на предизвиканата штета.

3.2. Барателот за остварување на еднократната парична помош задолжително доставува документи за докажување на околностите од точка 3.1 и тоа со: потврда за остварен месечен приход во последните 6 месеци, акт доколку е примател на социјалан или друг вид помош, односно невработен; осигурителна полиса за недвижниот имот односно изјава заверена на нотар дека недвижниот имот не е осигуран; фактура/профактура/предмер пресметка за висината на износот за поправка на штетата.

3.3. Комисијата од точка 3.1. од Јавниот повик по разгледувањето на пристигнатите барања, во рок од 30 дена од комплетирање на целосната докуметација доставува образложен Предлог во форма на извештај за секое пристигнато барање за доделување финансиски средства заради штета настаната од природната непогода случена на ден 21.07.2026 година за што Одлука носи Советот на Општина Центар – Скопје на првата наредна седница по добивање на предлогот.

4. ВИСИНА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ

4.1. Поединечниот доделен износ на финансиски средства по поднесено барање го утврдува Комисијата од член 4 на овој Правилник согласно расположивите средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје, кој се утврдува во максимален поединечен износ најмногу до 100.000,00 (со зборови: сто илјади) денари.

4.2. Финансиските средства наменети за еднократна парична помош заради штета предизвикана од природната непогода случена на ден 21.07.2026 година се издвојуваат од Буџетот на Општина Центар – Скопје.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Центар www.centar.gov.mk.

                                                                                                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Submitted by miai on 29.07.2026 - 12:44