ЈАВЕН ПОВИК
За практикантство во Општина Центар – Скопје
Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти од Градежен и Архитектонски факултет) во Општина Центар – Скопје.
Јавниот повик е отворен од 7.7.2025 година и ќе трае до 20.7.2025 година. Практикантската работа ќе започне од 1.8.2025 година.
Со овој јавен повик ќе се овозможи на сите студенти и/или апсолвенти на Градежен или Архитектонски факултет да остварат практикантство во Општина Центар – Скопје.
Практикантството ќе се реализира во секторите на општината согласно можностите и потребите на општинската администрација на општина Центар.
Потребно да се достават следните документи:
- Барање за практикантство;
- Доказ дека се студенти и/или апсолвенти на Градежен или Архитектонски факултет
- Лична карта и трансакциска сметка
- Кратка биографија (CV)
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (7 Јули 2025). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за текот на постапката.
Согласно член 7 од Законот за практикантство, Општина Центар ќе прифати четири (4) практиканти, а согласно член 6 од истиот закон, правото на практикантство е еднократно, со максимално времетраење од 6 месеци.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-655 или на следната е-маил адреса: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk