Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари

Активности
1
29.01.2026

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари


Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска  поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари.


„Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски.

Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.

Со оваа одлука, локалната самоуправа  уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети.

Галерија
Submitted by miai on 18.02.2026 - 14:40