Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар

Активности
1
29.08.2025

Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар.

„Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. Во понеделник, сите ученици ќе ги добијат униформите на првиот училишен ден, верувам дека тие ќе бидат среќни и горди што ќе ја носат оваа униформа“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Со оваа активност, Општина Центар го подигнува квалитетот на основното образование,  што вклучува и инвестиции во училишна инфраструктура, дигитализација и безбедност.

Submitted by miai on 05.09.2025 - 10:44