Нов современ објект „Пролет“ во Општина Центар
Во срцето на Општина Центар, на улица Мирче Ацев бр. 102, се издигна нов, современ објект наменет за најмладите – градинката „Пролет“. Како дел од Јавната установа за деца – детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“, овој објект претставува значаен чекор напред во обезбедувањето квалитетни услови за згрижување и ран детски развој.
Градинка-мид1
Покрај внатрешниот простор, градинката нуди и уреден двор од 400м², наменет за игра, рекреација и активности на отворено. Со капацитет за згрижување на 173 деца, организирани во 9 воспитни групи, „Пролет“ овозможува оптимални услови за работа и посветен пристап кон секое дете.
Gradinka-mid2
Градинката исто така е опремена со
- Модерна централна кујна и две помошни млечни кујни за подготовка на здрава и квалитетна храна согласно стандардите.
- Функционални административни простории.
- Амбуланта со простории за доктор и медицинска сестра за примарна здравствена заштита и превентива.
- Простории наменети за стручните служби (педагог, психолог, логопед, дефектолог).
Стандарди и материјали: Целиот ентериер на градинката „Пролет“ е опремен со висококвалитетни, природни материјали, создавајќи пријатна, здрава и безбедна средина за престој. Објектот е изграден во согласност со највисоките светски стандарди и ги исполнува сите прописи за безбедност и заштита на децата, гарантирајќи сигурност и квалитет во секој аспект.
Новиот објект „Пролет“ е повеќе од зграда – тоа е место каде децата од Општина Центар ќе можат безгрижно да растат, да учат, да се дружат и да ги развиваат своите потенцијали во стимулативна и безбедна средина.