1. За поставување урбана опрема на јавна површина:
- Одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор;
- извод од соодветен регистар каде што е регистриран барателот (не постар од 6 месеци);
- имотен лист со соодветна намена на деловниот простор или договор за закуп;
2. Елаборат/проект ** за поставување на урбана опрема во четири примерока и на ЦД, со следната содржина:
- назив и седиште на заинтересираниот субјект;
3. Писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од станбено-деловниот објект што претставуваат повеќе од половина сопственици на посебните делови на објектот, заверена на нотар;
4. Уплатница од 1.000,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93).
*) Вредностите за површина на која се поставува урбаната опрема пред деловниот простор, бројот на консумните места, маси, други елементи, и широчина на проодната пешачка површина во најтесниот дел мора да бидат согласно приложениот елаборат.
**)
1. Сите детални цртежи и проекти треба да содржат приказ на регулациона линија, линија на градежна парцела, градежна линија, приказ на постојните објекти кои се наоѓаат околу бараната површина, заедно со нивните влезови, излозите и други фасадни отвори во приземјето, рампи и скали, како и велосипедските
патеки, дрвјата, дрворедите, уличното осветлување, рекламните паноа, клупите, корпите за отпадоци, столпчињата, ПП апаратите, хидрантите, електричните разводни ормани и другите комунални елементи, односно објекти на комунална инфраструктура.
2. Деталните цртежи и проекти со опис на новата состојба треба да ги содржат границите и димензиите на површината на која се бара да се постави урбаната опрема и слободната проодна површина, како и пристапот за интервентни возила (пожарна, брза помош, полиција).
3. Сите елементи прикажани на деталните цртежи и проекти мора да бидат котирани и прецизно исцртани.
4. Површината за вршење дејност (и поставување урбана опрема) мора да биде дефинирана и со геодетски точки (координати) на посебен графички прилог во состав на елаборатот/проектот.
- регистрација на дејност, лиценца и овластување од одговорна проектантска куќа и одговорниот
проектант;
- технички опис и приказ на урбаната опрема/фотографии и сл.;
- извод од ДУП за предметниот локалитет или микро-локациски услови во размер 1:1000;
- детални цртежи со опис на постојната состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (ситуација 1:500 и 1:200);
- детални цртежи со опис на новата состојба и околниот простор со околните објекти и елементи на
комунална опрема и инфраструктура (ситуација 1:500 и 1:200, основи 1:100 и пресеци 1:100 или 1:50);