ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3) на ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП)

Announcements
Alarm
Општина Центар
02/10/2026 - 11:14

                                    uhyuj                                          gh                                             bbvg                                                     

                ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)

 Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ - УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год.

  ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.

       Во програмата се вклучени 5 општини: Аеродром, Берово, Кавадарци, Центар и Штип.


       Општина Центар и ReLOaD3 програмата ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина                   Центар и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. Млади 
    1. Поддршка на жртви на родово засновано насилство, семејно и врсничко насилство, како и зајакнување на психолошката стабилност на жртвите преку интерсекциски пристап, особено со вклученост на млади со попреченост. 
    2. Развивање на вештини кај деца од основно образование во рамки на воннаставни активности со воведување на современи технолошки алатки.  

 

  1. Култура  
    1. Поттикнување самоодржлив развој на филмската уметност преку создавање на содржини согласно потребите на заедницата
    2. Афирмација и промоција на локални традиционални музички и културни вредности со особен акцент на децата од училишна возрасти. 

 

  1. Животна средина 
    1. Заживување на отворен простор за реализација на културни, едукативни и рекреативни активности на граѓаните од општината. 
    2. Подигнување на еколошката свест на граѓаните за одржување на чистотата на отворените јавни простори. 

Граѓанските организации можат да достават апликации во рамките на три ЛОТ-а:

 

ЛОТ

ВРЕДНОСЕН ПРАГ

Времетраење на проектите

ЛОТ 1

150,000 – 307,000 МКД

од 4 - 9 месеци

ЛОТ 2

307,001 – 615,000 МКД

од 6 - 12 месеци

ЛОТ 3

       615,001– 1,537,000 МКД

од 6 - 12  месеци

ПРАВО НА УЧЕСТВО:

Јавниот повик е отворен за сите граѓански организации кои се формално регистрирани во Северна Македонија согласно со важечката законска регулатива (Закон за здруженија и фондации). Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.

 Важно: Подносителите на пријава мора да достават важечка потврда/решение за регистрација на организацијата во земјата (за носителот на проектот и евентуални партнери) кој е задолжителен документ.

ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

      Сите потребни информации и електронската верзија на од документацијата може да се најдат на веб-страницата на општина Центар (www.centar.gov.mk)), како и на веб-страницата на УНДП МК (www.undp.org/north-macedonia), во периодот од 10 февруари до 10 март 2026 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

Ј      Jавниот повик ќе трае од 10.02.2026 (од 9:00 часот) до 10.03.2026 (до 15:00 часот). За времетраењето на јавниот повик ќе се одржи инфо сесија, обука и менторска                    поддршка за граѓански организации кои ќе учествуваат на јавниот повик.  Инфо сесијата и првиот ден од обуката ќе се одржат на 12 февруари 2026 со почеток во 10:00 часот во сала „Матично“ во Општина Центар. Вториот ден од обуката ќе се одржи на 13 февруари 2026 со почеток во 9:30 часот часот во сала Матично во Општина Центар.

      Во текот на самиот повик ќе бидат овозможени и менторски средби. Првата менторска средба е закажана за 18 февруари 2026 година, а во текот на обуката ќе бидат договорени термините за преостанатите 3 менторски средби кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.

  Прашања во врска со јавниот повик може да се испратат електронски на следната е-мејл адреса: registry.mk@undp.org со назнака за ReLOaD3 програмата најдоцна до 04.03.2026. Одговорите ќе бидат испратени електронски во рок од 3 дена од приемот на барањето.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ:

Документацијата за јавниот повик треба да биде доставена само во електронска форма на USB и треба да ги содржи задолжителните документи:

ЛОТ 1

  1. Проектен предлог
  2. Предлог буџетот
  3. План на активности и промоција
  4. Решение за регистрација на граѓанските организации

ЛОТ 2 и

ЛОТ 3

  1. Проектен предлог
  2. Предлог буџетот
  3. Логичка рамка
  4. План на активности и промоција
  5. Решение за регистрација на граѓанските организации

        Доколку е применливо, да се достават и дополнителните документи. Документацијата треба да биде испратена по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 09:00 и 15:00 часот, на следната адреса:

Општина Центар

Михаил Цоков бр. 1,

1000 Скопје  

        Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот          краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на јавниот повик за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање".

         Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на општина Центар www.centar.gov.mk и УНДП МК https://www.undp.org/north-macedonia како и на о         гласната табла во општина Центар, во рок од 45 работни дена од затворањето на Јавниот повик (освен во случај на непредвидени околности). Само организациите чии апликации се избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат. 

Документи
1
2
3
4
5
6
7
8
Submitted by miai on Tue, 02/10/2026 - 11:09