Енергија Центар

Општина Центар, првата енергетски независна општина во земјава
Енергија Центар
Енергија Центар

Општина Центар го регистрираше трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“. Преку претпријатието ќе се овозможи олеснување на процедурата за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти како основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти кои се под надлежност на општината.

Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електро-енергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали.

Заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе се користат за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните.

Претпријатието е сместено во зградата на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар. Успешното функционирање на ова претпријатие ја прави Општина Центар првата енергетски независна општина во земјава.