Проекти

Проекти на Општина Центар-Скопје
Општина Центар
Проекти на Општина Центар-Скопје

о постојани инвестиции во инфраструктурата, животната средина, културата и социјалната заштита, Општина Центар се стреми да стане модерно и пријатно место за живеење и работа за сите. Сите проекти се планираат и реализираат со посебно внимание на одржливоста и долгорочниот ефект врз заедницата.

 

Финансирање на проекти

Проекти финансирани од Општина Центар - Во овој дел ќе најдете информации за сите проекти кои се финансирани од сопствениот буџет на Општина Центар. Станува збор за проекти кои се директен одговор на потребите на граѓаните и се фокусирани на подобрување на локалната инфраструктура, јавните површини и услуги. Овие проекти ја одразуваат нашата посветеност кон развојот на урбаната средина.

Проекти финансирани од државата - Општина Центар, во соработка со Владата и ресорните министерства, реализира и проекти финансирани од централниот буџет. Овие проекти се од поголем опсег и често се од капитално значење за општината, придонесувајќи за развој на образовната инфраструктура, културата и социјалните програми.

Проекти финансирани од донаторската заедница - Соработката со меѓународни организации, амбасади и фондации овозможува реализација на проекти кои придонесуваат за културниот и општествениот развој. Овие проекти се фокусирани на иновации, екологија и културна размена, а нивната реализација е резултат на нашето активно учество во меѓународни програми за поддршка.