Документи

Документи на општина Центар
Општина Центар
Документи на општина Центар

Дел посветен за официјалните документи на Општина Центар. Оваа страница е креирана со цел да ви овозможи лесен и брз пристап до сите клучни информации поврзани со работата на локалната самоуправа. Со тоа ја зајакнуваме транспарентноста и отчетноста кон граѓаните, обезбедувајќи увид во сите општински одлуки и активности. Сите документи се редовно ажурирани и организирани по категории за да ја олесниме вашата претрага.

 

Достапни документи

Достапноста на овие документи е од суштинско значење за зајакнување на довербата и промовирање на граѓанското учество во општинските процеси.

  • Општински документи Овде ќе ги најдете сите правни акти, одлуки и прописи донесени од Советот на Општина Центар и Градоначалникот. Оваа секција содржи информации за локалните регулативи, правилници и други правни документи кои го регулираат секојдневното функционирање на општината.
  • Буџет Добијте детален увид во финансиското работење на Општина Центар. Во овој дел се објавуваат буџетските планови, ребаланси, како и извештаите за извршување на буџетот. Наша цел е да ви овозможиме целосна слика за тоа како се трошат буџетските средства и да ја промовираме финансиската одговорност.
  • Јавни набавки Овде се објавуваат сите тендери и огласи за јавни набавки, од мали набавки до големи инфраструктурни проекти. Секој повик е детален со сите потребни информации, рокови и критериуми за учество. Со тоа, обезбедуваме конкурентен и фер процес на набавки.
  • Стратешки документи Дознајте повеќе за визијата и развојните планови на Општина Центар. Оваа секција содржи документи како стратегии, планови и програми кои го дефинираат идниот развој на општината во сите области – од урбанизам и економија, до социјален развој и култура.
  • Извештаи Прегледајте ги годишните и периодичните извештаи за работењето на општинската администрација. Овие извештаи содржат информации за постигнатите резултати, реализираните проекти и активности, и служат како алатка за мерење на перформансите. Со нивна помош, можете да ја следите работата на општинските служби.