Сектор за човечки ресурси

Сектор
Неговата примарна цел е да обезбеди поквалитетна, постручна и пофункционална општинска администрација
Сектор за човечки ресурси - Општина Центар

Секторот за човечки ресурси е задолжен за активно, ефективно и ефикасно раководење и координација на работата на одделенијата во рамките на Секторот. Неговата примарна цел е да обезбеди поквалитетна, постручна и пофункционална општинска администрација.

 

Одделенија во рамките на Секторот за човечки ресурси

Во рамките на овој сектор функционираат две одделенија, Одделение за вработување, унапредување, мобилност, права и одговорности од работен однос и Одделение за мотивација, оценување, стручно оспособување и усовршување.

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00

Одделение за вработување, унапредување - мид

Одделение
Вработување, унапредување, мобилност, права и одговорности од работен однос
оптимално управување со човечките ресурси, обезбедување законитост и праведност во сите фази на работниот однос – од вработување до унапредување, мобилност, како и почитување на правата и одговорностите на вработените

Одделение за мотивација, оценување - мид

Одделение
Мотивација, оценување, стручно оспособување и усовршување
Континуиран професионален развој, висока мотивација и правично оценување на вработените, со што се придонесува за подигнување на ефикасноста и квалитетот на општинската администрација

Работни цели, задачи и обврски на Секторот за човечки ресурси

 

Работни цели

Главна цел на Секторот е стратешко управување со човечките ресурси во Општина Центар, со фокус на развој на професионални кадри, обезбедување на законско и етичко работење, и придонес кон целокупната ефикасност на општинските услуги.

 

Работни задачи и обврски

Секторот за човечки ресурси ги извршува следниве клучни задачи и обврски:

  • Управување со одделенијата: Ги распоредува работите и задачите на раководителите на одделенијата во Секторот.

  • Следење и примена на прописи: Ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа и работните односи, како и законските прописи и другите општи акти што се однесуваат на државните службеници и другите вработени во јавниот сектор, и се грижи за нивната примена.

  • Планирање на работата: Подготвува предлог-програма за работа на Секторот.

  • Управување со развој на човечки ресурси: Дава насоки за управување со човечките ресурси од областа на вработувањето, унапредувањето, мобилноста, стручното усовршување и оспособување, мерењето на ефектот, персоналната евиденција, правата, обврските и одговорностите, како и други прашања во врска со работниот однос на вработените.

  • Учество во комисии: Членува во комисиите за спроведување постапки за вработување и во мрежата за управување со човечки ресурси при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА)