Четврта седница ДНЕВЕН РЕД 2026 година

Announcements
Седница
Се донесува Решение за свикување на четвртата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 29.01.2026 година /четврток/ во 11:30 часот.
Општина Цнетар-Скопје
01/23/2026 - 14:44

Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четвртата седница на
 Советот на Општина Центар-Скопје


Ја свикувам четвртата седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 29.1.2026 година /четврток/, со почеток во 11.30 часот 


Усвојување на Записник од третата седница на Советот.


За седницата го предлагам следниов 


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог-одлука за именување член во Управниот одбор на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, предложен од Советот на родители на градинката.

2.    Предлог-одлука за именување член во Управниот одбор на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје, предложен од Стручниот совет на градинката. 

3.    Предлог-решение за констатирање  на престанок на мандат на член на Управен одбор на Јавна установа детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин-Скопје“, предложен од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

4.    Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во Општина Центар-Скопје.


5.    Предлог-решение за разрешување на претставникот на Општина Центар-Скопје од член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Киро Глигоров“-Скопје.

6.    Предлог-одлука за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Киро Глигоров“-Скопје.

7.    Предлог-одлука за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“-Скопје.

8.    Предлог-одлука за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“-Скопје.

9.    Предлог-одлука за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје.

10.    Предлог-одлика за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Коле Неделковски“-Скопје.

11.     Предлог-одлука за именување претставник на Општина  Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“-Скопје.

12.    Предлог-одлука за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Кочо Рацин“-Скопје

13.    Предлог-одлука за именување претставник на Општина Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште      „11 Октомври“-Скопје.

14.    Предлог-одлука за субвенционирање на Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ дооел-Скопје.

15.    Предлог-одлука за измена и дополна на Одлуката за основање Трговско друштво за производство и продажба на  
електрична  енергија од обновливи извори „Енергија  Центар“ дооел-Скопје.


16.    Предлог-одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

17.    Предлог-одлука за формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

18.    Предлог-одлука за објавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

19.    Предлог-одлука за формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

20.     Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2026 година.

21.      Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите јавните службеници вработени во институциите  
  основани од Општина Центар-Скопје за 2026 година.

22.      Предлог-одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на 
давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца основани од Општина Центар-Скопје за 2026 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 
3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667. 

                              Совет на Општина Центар-Скопје
                                            ПРЕТСЕДАВАЧ
                                 Снежана Георгиева Јаневска 
 

Submitted by marijah on Fri, 01/23/2026 - 14:43