ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица за членови на Партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје

Announcements
Alarm
Јавен повик
01/27/2026 - 10:32

Врз основа на член 46 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (֦Службен весник на Република Северна Македонија" бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), член 4 став 1 од Деловникот за начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар – Скопје (֦Службен гласник на Општина Центар – Скопје" бр.13/25), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на лица за членови на Партиципативно тело

од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје

1.Предмет на јавниот повик:

Доброволно пријавување на лица за членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар – Скопје чија улога е преку јавна работа: да ги следи состојбите во планирањето со давање иницијативи, мислења, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапките за изработување и донесување на плановите со разгледување на планските програми (врз чија основа се изработуваат плановите) и на нацртите на урбанистичките планови во нивната работна верзија согласно Законот за урбанистичко планирање за што следува надомест кој го утврдува Советот на Општина Центар – Скопје.

2. Услови за пријавување:

Пријава по овој јавен повик можат да поднесат сите заинтересирани физички лица, односно граѓани што имаат соодветно образование и стручност од областа на урбанизмот и/или локалната самоуправа со место на живеење во Општина Центар-Скопје.

3. Документи кои се поднесуваат:

- Пријава за член на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје (образецот е во прилог на повикот);

- Писмо за намера (пишан опис за интересот поради кој се аплицира);

- Изјава за давање согласност за располагање со лични податоци (образецот е во прилог на повикот);

- Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот);

- Релевантни писмени докази за исполнување на условите за учество од точка 2 на јавниот повик (копија).

4. Рок и место на поднесување на пријави:

Пријавите по јавниот повик со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, ул.Михаил Цоков бр.1, Скопје или во архивата на Општина Центар-Скопје секој работен ден од 09:00 часот до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на ВЕБ страната на Општина Центар-Скопје.

На пријавата да се наведе "Пријава по јавен повик на лица за членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје".

5. Постапка по јавниот повик:

Постапката за избор на членови на Партиципативното тело по Јавниот повик ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје која доставува предлог за избор, по што Градоначалникот донесува решение.

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Submitted by miai on Tue, 01/27/2026 - 10:35