ЈАВЕН ПОВИК за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

Announcements
Alarm
Општина Центар
01/22/2026 - 08:09

ЈАВЕН ПОВИК

За доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на субвенциии на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

Јавниот повик е отворен од 01.01.2026 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар-Скопје, односно до 31.12.2025 година.

Со овој јавен повик ќе се субвенционираат сите млади жители на општина Центар (со и без попреченост), кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и оние кои во 2025 година навршиле 19 години (родени 2006), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година.

Субвенцијата е во висина од 10.000,00 денари со вклучен ПДД, а се користи исклучително за полагање на возачки испит Б-категорија.

Субвенцијата може да се користи единствено за полагање на возачки испит во авто школи регистрирани на подрачјето на општина Центар.

 Потребно да се достават следните документи:

  • Барање за субвенција за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Доказ за извршена уплата во авто школа.
  • Доказ дека авто школата е регистрирана на подрачје на општина Центар – Скопје.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600  или на следните е-маил адреси: elif.idris@centar.gov.mk, anastazija.babulovska@centar.gov.mk.

Документи
Submitted by miai on Thu, 01/22/2026 - 08:10