Креативни работилници со најмладите и нивните љубопитни прашања

News
1
11/27/2025 - 09:30

Денес имав чест да ги пречекам учениците од повеќе основни училишта во Општина Центар.

Заедно разгледавме како функционира локалната самоуправa и одговарав на нивните прашања за урбанизмот, комуналните услуги и проектите кои ја подобруваат нашата општина .

Во креативната работилница, во соработка со младински и еколошки организации, учевме за заштита на животната средина и одржлив развој.

Многу ми е важно да вложуваме во младите и да ги охрабриме да бидат активни учесници во нашата заедница.

Галерија
Submitted by andrejr on Fri, 11/28/2025 - 09:29