Вратен јавниот простор: отстранета дивоградбата кај „Мечка“

News
1
11/26/2025 - 11:12

Отстранета дивоградбата кај ресторанот „Мечка“ – јавниот простор повторно слободен! 

Општина Центар ја урна нелегалната доградба која подолго време го блокираше тротоарот и дел од коловозот во Дебар Маало. По повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата излегоа на терен и ја отстранија бесправно поставената конструкција што го попречуваше нормалното движење на пешаците и сообраќајот.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата, а општината продолжува со засилени контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти со цел воспоставување ред и заштита на јавниот интерес.

Галерија
Submitted by andrejr on Thu, 11/27/2025 - 11:11