Трагата на уметноста што не се брише

News
1
11/27/2025 - 09:35

Горан Стефановски беше човек чија мудрост не се мереше во зборови, туку во длабочината со која допираше до луѓето. Интелектуалец, драмски писател што знаеше да ја открие човечката вистина. Со својот талент Горан стана темел на современата македонска драматургија.

Во Општина Центар, неговото присуство се чувствува и денес. Преку муралот што го слави неговите дух и дело, преку бистата во Дебар Маало која секојдневно потсетува на неговата големина, преку настаните за одбележување на неговиот роденден кадешто се читаат неговите дела и се слуша неговата мисла.. Сите овие активности се наше „благодарам“. Благодарам за богатството што ни го остави. Благодарам за неговото наследство кое е чест. Благодарам за неговите текстови во кои лежи мудроста што нè оформува и што ни покажува како да го разбереме времето во кое живееме.

Мудроста, хуморот и искреноста на Горан оставија трага што ниту времето, ниту просторот не можат да ја избришат. Слава му!

Submitted by andrejr on Fri, 11/28/2025 - 09:36