ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)
ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.
Во програмата се вклучени 5 општини: Аеродром, Берово, Кавадарци, Центар и Штип.
Општина Центар и ReLOaD3 програмата ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Центар и со кои се опфатени следните приоритетни области:
1. КУЛТУРА И ТУРИЗАМ
-
- Активности за едукација, промоција и зачувување на традиционални културни вредности преку иновативни алатки за трансфер на вредности и дигитализација со цел зачувување на духот и културното наследство на општината.
- Поттикнување на алтернативен туризам преку промоција на традиционално занаетчиство, модерни занаети, културен туризам и еко туризам.
2. МЛАДИ
2.1 Активности за стекнување и развој на вештините кај младите кои не се дел од формалното образование за нивно зголемено вработување / самовработување;
2.2 Поддршка на млади од ранливните категории семејства за зајакнување на нивното физичко, ментално и бихејвиорално здравје и поддршка на деца и млади во судир со закон;
3. ЖИВОТНА СРЕДИНА
3.1 Промовирање на отворени јавни простори за реализација на културни, едукативни и рекреативни активности на граѓаните од општината.
3.2 Подигнување на еколошката свест на граѓаните за одржување на чистотата на отворените јавни простори.
3.3 Поддршка на проекти за превенција и постапување при природни непогоди, пожари, климатски и еколошки ризици и други несреќи од локално значење.
Граѓанските организации можат да достават апликации во рамките на три ЛОТ-а:
|
ЛОТ |
ВРЕДНОСЕН ПРАГ |
Времетраење на проектите |
|
ЛОТ 1 |
150,000 – 307,000 МКД |
од 4 - 9 месеци |
|
ЛОТ 2 |
307,001 – 615,000 МКД |
од 6 - 12 месеци |
|
ЛОТ 3 |
615,001 – 1,537,000 МКД |
од 6 - 12 месеци |
ПРАВО НА УЧЕСТВО:
Јавниот повик е отворен за сите граѓански организации кои се формално регистрирани во Северна Македонија согласно со важечката законска регулатива (Закон за здруженија и фондации). Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.
Важно: Подносителите на пријава мора да достават важечка потврда/решение за регистрација на организацијата во земјата (за носителот на проектот и евентуални партнери) кој е задолжителен документ.
ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Сите потребни информации и електронската верзија на од документацијата може да се најдат на веб-страницата на општина Центар (https://www.centar.gov.mk), како и на веб-страницата на УНДП МК (www.undp.org/north-macedonia), во периодот од 05 ноември до 03 декември 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Јавниот повик ќе трае од 06.11.2026 (од 9:00 часот) до 04.12.2026 (до 15:00 часот). За времетраењето на јавниот повик ќе се одржи инфо сесија, обука и менторска поддршка за граѓански организации кои ќе учествуваат на јавниот повик. Инфо сесијата и еднодневната обука ќе се одржат на 10.11.2026 со почеток во 10:00 часот, во сала Матично во Општина Центар.
Во текот на обуката ќе бидат договорени термините за 5 менторски средби кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.
Прашања во врска со јавниот повик може да се испратат електронски на следната е-мејл адреса: registry.mk@undp.org со назнака за ReLOaD3 програмата најдоцна до 30 ноември 2026. Одговорите ќе бидат испратени електронски во рок од 3 дена од приемот на барањето.
ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ:
Документацијата за јавниот повик треба да биде доставена во електронска форма на USB и да биде испратена по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 09:00 и 15:00 часот, на следната адреса:
Општина Центар
Михаил Цоков бр. 1,
1000 Скопје
Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на јавниот повик за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање".
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на општина Центар https://www.centar.gov.mk и УНДП МК https://www.undp.org/north-macedonia, во рок од 45 работни дена од затворањето на Јавниот повик (освен во случај на непредвидени околности). Само организациите чии апликации се избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат.