
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита од интерес за Општина Центар-Скопје бр.08-5306/24 од 2.10.2026 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.15/26 и 8/26) и точка 32 од Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар–Скопје бр.08-6365/26 од 24.12.2025 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.15/25), Општина Центар – Скопје распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за реализација на проектот „Градинките партнери на семејството“
Во рамки на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата на Општина Центар-Скопје за 2026 година ќе се реализира проектот „Градинките партнери на семејството“ кој е наменет за поддршка на воспитувањето и грижата на децата и поактивно учество на родителите во животот и работата во детските градинки, преку објавување на Јавен повик за реализација на горенаведениот проект „Градинките партнери на семејството“.
Предмет на Јавниот повик:
Семејството и детската градинка претставуваат два исклучително важни фактори во животот на детето со цел унапредување на квалитетот на грижата и воспитно-образовниот процес во детските градинки. Односно, во насока на поттикнување на партнерските односи помеѓу семејството и предучилишните установи и создавање на поддржувачка средина за правилен раст и развој на децата.
Првиот фамилијарен настан од интерес за децата од предучилишна возраст и целото семејство „Градинките партнери на семејството“ е проект со активности наменети за поддршка на родителството и семејството, за унапредување на благосостојбата на децата и психосцијалната поддршка на децата и родителите.
Општина Центар-Скопје преку поддршка на овој настан ја потврдува својата заложба за развој на квалитетни услуги за децата и семејствата, јакнеење на родителските капацитети и градење долгорочна соработка помеѓу локалната самоуправа, предучилишните установи и родителите, во најдобар интерес на децата и унапредување на нивната благосостојба.
Постапката за доделување финансиски средства се спроведува врз основа на јавен повик објавен од Општина Центар-Скопје, што се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје:
Право на учество во овој Јавен повик имаат: здруженија на граѓани и фондации, невладини организации, јавни установи и други правни лица, други организации и субјекти кои согласно закон можат да реализираат активности од областите опфатени со јавниот повик и физички лица со живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
Учесниците на јавниот повик потребно е да понудат целосна организација на настанот наменет за поддршка на семејството и родителството, со јасно дефинирана програма, агенда и сценарио. Треба да биде обезбедена музичка и сценска поддршка, ангажирање на водител со искуство во културни и детски манифестации, логистичка поддршка за учесниците (координација, сценска поставка, проби), озвучување и осветлување на настанот, придружни активности за децата (креативни работилници, сценски настапи, аниматори), промотивни материјали за поголема видливост на настанот (постери, програма и медиумска промоција).
Проектот опфаќа едукативни и советодавни активности кои овозможуваат поизразено отворање на дијалог за актуелните предизвици на воспитувањето и грижата за децата и за унапредување на физичкото и менталното здравје.
Датумот за одржување на неколкучасовниот настан ќе биде во периодот помеѓу 13 и 23 ноември 2026 година, а предвидената локација е Паркот во Капиштец.
- Услови за пријавување:
2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават здруженија на граѓани и фондации, невладини организации и други правни субјекти што делуваат во полето на детската, социјалната и здравствената заштита и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје.
2.2. Критериуми: Врз основа на член 5 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на социјална, детската и здравствената заштита од интерес на Општина Центар-Скопје, сите здруженија, организации и правни субјекти кои вршат дејност треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- да се регистрирани како здружение на граѓани и фондации, невладини организации, јавни установи и други правни субјекти и други организации со седиште во Општина Центар-Скопје, како и физички лица со живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
- тековна состојба од Централниот регистар на Република Сверна Македонија;
- да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување доколку е применливо;
- да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или фондацијата, организацијата или правниот субјект;
- да имаат најмалку пет година работно искуство во областа на детската заштита, социјалната и здравствена заштита и со други проекти.
3. Потребна документација за пријавување на Јавнот повик:
- пополнета пријава со краток опис и агенда за настанот и проектна програма со опис на целите, активностите, целната група, временската рамка и очекуванитев резултати;
- портфолио на здружението, организацијата или правниот субјект;
- кратка биографија на лицата, односно изведувачите вклучени во проектот;
- референтна листа;
- финансиска конструкција за средствата потребни за реализација на проектот и детален Буџет;
- Потврда за активна трансакциска сметка на субјектите што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
- Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.
-Да поседуваат најмалку три препораки за иста или слична работна активност - проект за последните пет години.
4. Комисија за евалуација и критериуми:
Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот во состав од седум члена од кои четири членови се претставници од општинската администрација на Општина Центар-Скопје и три члена од Советот на Општина Центар-Скопје. Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје се инвентивност и оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за организација на настанот. Проектите ќе бидат бодувани согласно член 11 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита од интерес за Општина Центар-Скопје.
5. Начин и рок на поднесување на пријавата:
Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
Сектор за јавни дејности/Одделение за култура
ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Градинките партнери на семејството“
Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за здравствена и социјална заштита и заштита на децата на Општина Центар-Скопје и Буџетот на Општината. Вкупните средства за Јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Градинките партнери на семејството“ изнесуваат 500.000,00 денари. Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.
Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (https://www.centar.gov.mk/).
Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.