Герасимовски: Градски Ѕид добива уреден рекреативен парк со детско игралиште, фитнес зона и ново зеленило

News
1
04/14/2026 - 12:09

Герасимовски: Градски Ѕид добива уреден рекреативен парк со детско игралиште, фитнес зона и ново зеленило

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за уредување на просторот во Градски Ѕид, зад објектот „Краш“, на потегот од Зелено пазарче до улицата „Македонија“.

Во моментов се изведува битуменска хидроизолација на подземните гаражи на површина од околу 2.600 квадратни метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со протекување.

Паралелно се врши и целосно поплочување на просторот со нови елементи, со што се обезбедуваат уредени и безбедни пешачки патеки за граѓаните. Се отстрануваат  оштетените плочи, а просторот добива нов урбан лик.

Отстрането е старото и дотраено детско игралиште, а на истата локација се поставува ново и проширено место за детска игра,  со современи реквизити и безбедна подлога.

Веднаш до игралиштето ќе биде уредена и современа фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација, наменета за сите категории граѓани.

Проектот опфаќа и хортикултурно уредување, поставување нов систем за полевање и нова урбана опрема, со што просторот ќе добие функција на современ  парк во центарот на градот.

„На барање на жителите, го уредуваме овој потег за да биде попријатен, побезбеден и пофункционален за секојдневно користење“, порача градоначалникот Герасимовски.

Галерија
Submitted by miai on Tue, 04/14/2026 - 12:07