News
11/20/2025 - 10:59
Учиме за локалната самоуправа. Учениците од IV одделение од „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Киро Глигоров“ ја посетија Општина Центар и се запознаа со тоа што е локална самоуправа и како функционира општината.
Децата поставуваа прашања, учеа за работата на општинските служби и за донесувањето одлуки во заедницата.
Во рамки на посетата учествуваа и на работилницата „Нацртај го своето стебло“ од проектот Боренка, посветена на зачувување на животната средина реализиран од Сојузот на извидници.
Прекрасно искуство и голема мотивација за најмладите граѓани!