Јавен повик за поднесување на понуди (ППП) Градежни работи

Announcements
Alarm
Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.
ЈАВЕН ПОВИК
11/21/2025 - 10:37
Општина Центар – Скопје објавува

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Градежни работи

Држава: Република Северна Македонија

Назив на проект: Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор

Назив на договор: Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“

Заем бр.: 9038-МК

Идентификациски бр. на  ППП: MK-MOF-CW-NCB-001-25

  1. Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.
  1. Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.
  2. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е наведено во Правилникот за набавки на Светска банка за заемопримачи за финансирање инвестициски проекти, Набавки за финансирање инвестициски проекти, стоки, работи, неконсултантски и консултантски услуги од јули 2016 година, ревидиран во ноември 2017, јули 2018 година, ноември 2020, септември 2023 година и февруари 2025 година  (Правилник за набавки) и е достапен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Правилникот за набавки.

  1. Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Елена Мицевска, контакт телефон 3 203692, е-маил elena.micevska@centar.gov.mk и да извршат увид во тендерската документација на адреса: ул. Михаил Цоков бр.1(во просторите на секторот за јавни набавки барака бр.4), во период од 10.00  до 15.00 часот, но не подоцна од 15:00 часот.
  2. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќање на неповратна такса од 3000 денари. Плаќањето ќе се изврши преку Народната Банка на Република Северна Македонија:

Банка: Народна Банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

           Буџетска корисничка сметка:782014122063010

Приходно конто: 724125 програма 00
 

  1. По доставување на потврда за извршена уплата за тендерската документација на маил elena.micevska@centar.gov.mk целокупната документација заедно со  Анексите кон тендерската документација и тоа: Анекс бр. 1 со предмер-пресметка, Анекс бр. 2 со основен проект, вклучувајќи технички опис и цртежи и Анекс бр. 3 со Услови за животна средина и социјални, ќе ви биде предадена на УСБ меморија поради големината на документацијата.

  1. Посетата на локацијата од   страна на Работодавачот ќе биде организирана на 28.11.2025, 12:00 часот по локално време, Општина Центар.

Сите трошоци за посета на локацијата ќе ги сносат понудувачот/понудувачите.

  1. Понудите треба да се достават на адреса ул. “Михаил Цоков бр.1„ бр. 1, 1000 Скопје, на или до 22.12.2025, во 10:00 часот по локално време. Електронско наддавање не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувач на ул.Михаил Цоков бр.1, на 22.12.2025, во 10:00 часот.

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 250.000,00 денари.

  1. Посебно внимание треба да се обрати на Правилникот за набавки со кој се бара од Заемопримачот да наведе информации за вистинската сопственост на успешниот Понудувач како дел од Известувањето за доделување на договорот, при тоа користејќи го Образецот за вистински сопственици кој е даден во тендерската документација.

  1. Адресата на која се упатува погоре е:

Адреса: Општина Центар

Ул. Михаил Цоков бр. 1

Поштенски број:  1000 Скопје

Назив на договор: Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“

Идентификациски број на ППП: MK-MOF-CW-NCB-001-25

Submitted by miai on Fri, 11/21/2025 - 10:29