Одделение за комунални работи и заштита на животна средина

Одделение
Одделението е одговорно за управување со секојдневното работење во областа на комуналните работи и заштитата на животната средина, обезбедувајќи целосна усогласеност со законските прописи
Општина Центар - Одделение за комунални работи и заштита на животна средина

Работни цели

Одделението е одговорно за управување со секојдневното работење во областа на комуналните работи и заштитата на животната средина, обезбедувајќи целосна усогласеност со законските прописи.

 

Работни задачи и обврски

  • Анализа и унапредување на комунални работи: Ги следи и ги анализира состојбите во областа на комуналните работи и предлага мерки за нивно унапредување.

  • Следење и примена на прописи: Ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа, комуналните работи, градбата, градежното земјиште и се грижи за нивната примена.

  • Меѓународни искуства: Ги следи меѓународните искуства на полето на давањето на комуналните услуги и предлага мерки и иницијативи за нивна примена, односно адаптација на условите на Општината.

  • Проектен менаџмент: По потреба, раководи и учествува во проектните тимови за реализација на проекти од областа на комуналните работи.

  • Учество во работни тела: Учествува во работата на работните тела на Советот на Општината кога за тоа е повикан.

  • Професионален развој и дисциплина: Се грижи вработените во Одделението стручно да се усовршуваат, како и за работната дисциплина.

  • Иницирање нови идеи: Иницира нови идеи за работи од областа што ја покрива Одделението.

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00
Документација