Работни цели
Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно администрирање на процесите на јавни набавки , обезбедувајќи стручна помош и поддршка на институцијата и нејзините организациони единици.
Работни задачи и обврски
-
Организација, надзор и контрола: Ја организира, насочува, координира, контролира и врши надзор на работата на Одделението.
-
Распределба на задачи: Ги распоредува работните задачи на вработените во организационата единица со која раководи.
-
Стручна помош и менторство: Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во организационата единица со која раководи.
-
Оцена на службеници: Учествува во оцената на административните службеници во својата институција и на административните службеници во други институции.
-
Поддршка на раководен кадар: Го заменува или му помага на непосредно претпоставениот раководен административен службеник.
-
Регистар на постапки: Одговорен е за водење регистар на постапките за јавни набавки и за достава на податоците до Бирото за јавни набавки.
-
Комуникација со Комисијата за јавни набавки: Ја остварува комуникацијата и се грижи за организацијата на стручната и техничка помош за Комисијата за јавни набавки.
-
Изготвување акти: Организира, координира и учествува или непосредно изготвува одлуки и други прописи, извештаи, програми, анализи, информации и други акти од областа на јавни набавки.
Анастасија Јовановска Гапиќ