ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“

Kumtesat
Alarmi
Javen povik
27.03.2026

 

g

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје бр.08-1187/16 од 27.2.2025 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.2/2025) и точка 4.12 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-6365/26 од 24.12.2025 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.15/2025), Општина Центар – Скопје распишува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансиска поддршка за реализација на проектот „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“

 

  1. Предмет на Јавниот повик:

Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се промовира креативноста и творештвото на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“. Првиот детски предучилишен музички фестивал „Детелинка“ има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите, да открие нови афинитети и таленти и да создаде платформа за вмрежување на градинките и институциите кои делуваат во развој на креативноста и музиката.

Учесниците на Јавниот повик потребно е да понудат целосна организација на фестивалот, со јасно дефинирана агенда и сценарио; програма составена од оригинални детски песни создадени од воспитно-стручниот кадар на јавните предучилишни установи, со обезбедена музичка и сценска поддршка за нивна изведба; ангажирање на водител со искуство во културни и детски манифестации; логистичка поддршка за учесниците (сценска поставка, проби, координација со воспитувачи и родители); придружни активности за децата (аниматори, креативни работилници, сценски настапи) кои ќе го збогатат фестивалот и промотивни материјали (постери, програма, медиумска промоција) за јавна видливост на настанот.

Датумот за одржување на настанот е 18.5.2026 година (понеделник), а предвидената локација за реализација на проектот е Парк на франкофонија. Општина Центар-Скопје ги обезбедува услугите за озвучување и осветлување на настанот.

Овој Јавен повик се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје  https://www.centar.gov.mk/ 

  1. Услови за пријавување:

2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата, уметноста и маркетингот и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје.

2.2. Критериуми: Врз основа на член 9 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје, сите здруженија, организации и правни субјекти кои вршат дејност од областа на културата, уметноста и маркетингот треба да ги исполнуваат следните критериуми:

- да се регистрирани како здружение, организација или правен субјект од областа на културата, уметноста и маркетингот со седиште во Општина Центар-Скопје                                                           

- да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

- да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението, организацијата или правниот субјект

- да имаат најмалку една година работно искуство во културата

3.  Потребна документација за пријавување на Јавнот повик:

- пополнета пријава со краток опис и агенда за настанот

- портфолио на здружението, организацијата или правниот субјект

- биографија на лицата, односно изведувачите вклучени во проектот

- референтна листа

- финансиска конструкција за средствата потребни за реализација на проектот

- Потврда за активна трансакциска сметка на субјектите што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства

- Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.

     

4. Комисија за евалуација и критериуми:

Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот од редот на администрацијата. Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за организација на настанот. Проектите ќе бидат бодувани согласно член 11 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје.

 5. Начин и рок на поднесување на пријавата:

Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

Сектор за јавни дејности/Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот

со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите поддржани со овој Јавен повик се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2026 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за Јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Детски фетсивал ДЕТЕЛИНКА“ изнесуваат 700.000,00 денари. Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (https://www.centar.gov.mk/).

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Документи
Submitted by miai on 27.03.2026 - 09:03