Горан Герасимовски

Градоначалник на Општина Центар
Општина Центар
Градоначалник
Градоначалник на Општина Центар
Телефон
Опис на работната позиција

Датум на преземање на функција: 4.11.2021 година
Политичка припадност: СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија)
Образование: Магистер по менаџмент на човечки ресурси
Телефон: +389 2 3203 602
Меил адреса:  goran.gerasimovski@centar.gov.mk
Нето плата: 100.237,00 денари

Роден 9.1.1982 година во Република Македонија,  Сопруг, татко на две деца. Место на живеење: Скопје , Општина Центар

Горан Герасимовски е дипломиран социолог, магистер по менаџмент на човечки ресурси. Од 2017 година, три години, е заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, а потоа ја презема функцијата директор. Со својата работа придонесува видливо да се унапредат услугите што ги нуди ДЗИС и да се градат нови партнерства што отвораат нови можности за корисниците.

Од 2009 до 2017 година Герасимовски работи во приватниот сектор, во компанија за испитување на јавното мислење и спроведување на комуникациските стратегии. Во тој период води повеќе меѓународни проекти, меѓу другото, спроведува и голем број истражувања на јавното мислење во рамките на државата, а тоа му овозможува детално да се запознае со потребите на локалното население.

Во текот на работењето како директор на човечки ресурси и истражувања задолжен е за водење и координирање на големи тимови, нивна регрутација, селекција, обука и развој, како и планирање и реализација на истражувања на јавно мислење. Тука се неговите почетоци како менаџер на тимови, а понатаму тоа се рефлектира на постигнатите успеси на директорската позиција. Првото работно искуство го стекнува во 2006 година во Државен завод за статистика, каде што две години е задолжен за организација и спроведување на статистички истражувања, односно подготовка, обработка и анализа на добиени податоци од истражувања.

Образование
Магистер по менаџмент на човечки ресурси