Lajme
24.11.2025
Супер час по локална самоуправа!
Денеска, заедно со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ одржавме час по локална самоуправа кадешто учевме како се гради општината, како се носат одлуките и што значи да се работи за сите граѓани.
Се воодушевив од нивните поставени прашања, кои со бескрајна љубопитност нѐ потсетија колку е важно да работиме чесно, посветено и за доброто на центарци. Ме радува што низ еден креативен пристап ги едуцираме децата за функционирањето на локалната самоуправа.