Учиме за локална самоуправа и фукционирање на општината заедно со најмладите и Горан Герасимовски

Lajme
1
20.11.2025

 Учиме за локалната самоуправа. Учениците од IV одделение од „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Киро Глигоров“ ја посетија Општина Центар и се запознаа со тоа што е локална самоуправа и како функционира општината.

Децата поставуваа прашања, учеа за работата на општинските служби и за донесувањето одлуки во заедницата.

Во рамки на посетата учествуваа и на работилницата „Нацртај го своето стебло“ од проектот Боренка, посветена на зачувување на животната средина реализиран од Сојузот на извидници.

Прекрасно искуство и голема мотивација за најмладите граѓани! 

Submitted by andrejr on 27.11.2025 - 10:50