Работни цели
Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно управување со буџетската координација , во согласност со законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, финансиското управување и контрола, како и други релевантни прописи поврзани со финансиското работење на Општината.
Работни задачи и обврски
-
Управување со човечки ресурси: Ги распоредува работните задачи на вработените во Одделението и врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работите.
-
Планирање: Подготвува и предлага план за работа на Одделението и се грижи за негова реализација.
-
Интерна комуникација: Остварува редовни контакти со другите раководители и разменува информации и искуства.
-
Следење и примена на прописи: Ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, уредувањето на изворите на приходи на Општината и сл., и се грижи за нивната примена.
-
Изготвување буџетски документи: Се грижи за навремена, законска и квалитетна изработка на буџетот на Општината, одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, завршната сметка и годишниот извештај.
-
Следење на извршување на буџетот: Го следи извршувањето на Буџетот на Општината и се грижи за подготовка на анализи и квартални извештаи за неговото извршување.
-
Трезорско работење и планирање на трошоци: Се грижи за остварување и примена на трезорското работење, како и за подготовка на месечни, квартални и годишни планови за трошење на средствата од буџетот на Општината и го следи нивното извршување.
Андријана Аларова