
ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ
Врз основа на Програмата за еднакви можности на Општина Центар-Скопје за 2026 година, точка 3, нa 16.11.2026 година Општина Центар-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на учеснички на
„Обука за финансиска писменост на жените“
Општина Центар – Скопје ги повикува сите заинтересирани жени со живеалиште на територијата на општината да се пријават за учество во обуката за финансиска писменост на жените, која се организира во рамките на Програмата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година.
Целта на обуката е економско јакнење на жените преку стекнување основни знаења и вештини од областа на финансиската писменост и претприемништвото, како и поттикнување на нивниот интерес за започнување на сопствен бизнис.
Обуката е наменета за жени кои сакаат да развијат бизнис-идеја или да се запознаат со основните чекори за започнување сопствена дејност.
За обуката не е потребно претходно знаење или искуство во претприемништвото.
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на учество на јавниот повик имаат кандидатките кои ги исполнуваат следниве услови:
- Да имаат живеалиште на територијата на Општина Центар – Скопје;
- Да имаат минимум завршено четиригодишно средно образовавание;
- Да имаат наполнети 18 години на денот на пријавувањето.
За учество во обуката не е потребно претходно искуство во областа на претприемништвото.
II. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавата за „Обука за финансиска писменост на жените“, заедно со потребната придружна документација, може да се поднесе во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот или по пошта на адреса ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје.
Потребни документи за учество во Повторниот јавен повик се:
- Пополнета пријава за „Обука за финансиска писменост на жените“;
- Копија од лична карта како доказ за живеалиште на територијата на Општина Центар – Скопје.
- Доказ за завршено образование (копија)
Напомена: Пријавата за „Обука за финансиска писменост на жените“ е достапна и на официјалната веб-страница на Општина Центар – Скопје. ( www.opstinacentar.gov.mk)
Нецелосните и ненавремено доставените пријави нема да се разгледуваат.
Личните податоци доставени со пријавата ќе се обработуваат исклучиво за потребите на спроведувањето на овој повик, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
III. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Рокот за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Повторниот јавен повик на веб-страницата на Општина Центар – Скопје и на огласната табла во Општината.
За навремена се смета пријавата примена во Архивата на Општината најдоцна до истекот на рокот, вклучително и пријавите испратени по пошта.
IV. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ
Развојот на женското претприемништво во голема мера зависи од финансиската писменост, која претставува важен предуслов за економска самостојност на жените.
Општина Центар – Скопје има цел да придонесе кон економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима, поттикнување на претприемачкиот дух и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемачки потенцијал.
Преку обуката, учесничките ќе имаат можност да стекнат основни знаења за управување со финансии, развивање бизнис-идеи и запознавање со основните чекори за започнување сопствен бизнис.
Планираниот број на учеснички е 30 (триесет).
Изборот на учесничките ќе се врши според редоследот на прием на навремени и комплетни пријави од кандидатки кои ги исполнуваат условите утврдени со овој повик, до пополнување на предвидениот број од 30 учеснички.
По разгледувањето на пристигнатите пријави и спроведувањето на постапката за избор, избраните кандидатки ќе бидат телефонски контактирани и известени за времето и местото на одржување на обуката.
Општина Центар – Скопје ги охрабрува сите заинтересирани жени да ја искористат оваа можност за стекнување нови знаења и вештини кои можат да придонесат за нивната економска самостојност и развој на сопствени претприемачки идеи.
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ
ГРАДОНАЧАЛНИК
Д-р Горан Герасимовски
___________________________
|
|