Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

News
1
11/03/2026 - 14:48

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ги прими делегациите од Србија и Босна и Херцеговина, предводени од градоначалникот на општина Стари Град Белград, Радослав Марјановиќ, и градоначалникот на општина Центар Сараево, Срѓан Мандиќ.

Посетата беше можност трите централни општини на главните градови од регионот да разговараат за пријателството, партнерството и конкретната соработка во областа на културата, спортот, младинската размена и урбанизмот.

Градоначалникот Герасимовски истакна дека оваа посетата е фокусирана пред се на размена на искуства и зајакнување на соработката.

„Разговаравме за повеќе теми и за сличните проблеми со кои се соочуваат нашите општини, со цел да нашите општини да се приближат на европските стандарди, во сите области, од комуналните решенија па се до социјалата, образованието и секојдневните услуги за граѓаните. Акцент ставивме на младинската, културната и спортската соработка, но разговаравме и за паметни градови и современи урбани концепти“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар со години наназад соработува со општините од регионот, со цел да се отвори простор за нови заеднички проекти кои би биле од полза на граѓаните, како и збогатување на културниот и спортски живот.

Галерија
Submitted by miai on Tue, 11/03/2026 - 14:46