Ј А В Е Н  П О В И K за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект: Промоција на јавен простор – Парк на Франкофонијата

Announcements
Alarm
1
08/07/2026 - 10:00

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Програмата за Локален економски развој на Општина Центар – Скопје за 2026 година, точка 4, Општина Центар-Скопје објавува

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект: Промоција на јавен простор – Парк на Франкофонијата

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект: Промоција на јавен простор – Парк на Франкофонијата ќе се врши во согласност со од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 - Трансфери до невладини организации, потставка 463110 - Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата Локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2026 година и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

  1. Опис на проекти што ќе бидат финансиски поддржани:

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за Промоција на јавен простор – Парк на франкофонијата.

Целта на овој јавен повик е да се овозможи транспарентно и еднакво користење на просторот Парк на Франкофонија за организирање активности од јавен интерес кои придонесуваат за развојот на локалната заедница, поттикнување на граѓанското учество и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Преку овој повик, Општината има за цел да го поттикне користењето на јавниот простор како место за едукација, соработка, дружење и промоција на позитивни општествени вредности, преку активности кои се достапни и отворени за сите граѓани.

Особен акцент се става на реализација на активности и настани кои:

  • придонесуваат за здрави животни навики и подобрување на квалитетот на животот кај децата и младите;
  • го поттикнуваат психофизичкиот развој, личниот напредок и активното учество на децата и младите во заедницата;
  • придонесуваат за унапредување на менталното здравје, емоционалната благосостојба и развојот на животни вештини;
  • промовираат дисциплина, одговорност, професионализам, тимска работа и фер-плеј;
  • поттикнуваат инклузивност, еднакви можности и активно учество на сите деца и млади;
  • придонесуваат за подигање на јавната свест за значењето на здравиот и активен начин на живот.

            Во рамки на проектот треба да бидат опфатени:

  • минимум 4 едукативни работилници или практични активности насочени кон поттикнување на здрави животни навики, активен начин на живот и правилен психофизички развој кај децата и младите;
  • минимум 2 јавни настани за промоција на здравиот начин на живот, професионалниот пристап, дисциплината и одговорноста во спортот и рекреацијата;
  • минимум 2 едукативни сесии посветени на менталното здравје, емоционалната благосостојба, управувањето со стресот и градењето психолошка отпорност кај деца, млади и лица кои активно се занимаваат со спорт и рекреација.

 

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативени и иновативени проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат.

Реализацијата на поектите е планирана за втората половина на 2026 година.

2. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства во износ од 350.000 денари планирани во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

 3. Доставување извештај

Здружението на кое ќе му бидат доделени средства во согласност со овој Јавен повик, Програмата за локален економски развој и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2026 година по завршувањето на оваа програмска активност има обврска да достави Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје.

4. Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженија на граѓани, фондации, приватни установи, културни организации, како и други правни субјекти регистрирани согласно закон на територија на Општина Центар – Скопје или со регистрирана подружница на територијата на Општина Центар - Скопје, кои спроведуваат активности од јавен интерес во областа на културата, уметничкото образование, развојот на деца и млади, промоцијата на здрави животни навики преку физичка активност, како и организирање на културни, едукативни и уметнички настани.

Подносителот на пријавата треба:

  • да достави комплетна и навремена пријава;
  • да предложи активности што ќе се реализираат во Паркот на Франкофонија;
  • активностите да бидат бесплатни и јавно достапна за граѓаните;
  • да обезбеди организација на настани во согласност со важечките законски прописи;
  • да го користи просторот совесно и одговорно;
  • да ги обезбеди сите потребни согласности и дозволи од надлежните институции, доколку тоа е потребно за реализација на активностите.

Пријавите што ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани и оценети според следните критериуми:

  • усогласеност на предложената активност со целите на јавниот повик;
  • придонес кон детската заштита, младинскиот развој, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност;
  • јавен интерес и придобивки за локалната заедница;
  • квалитет, иновативност и изводливост на предложената програма;
  • број и разновидност на целните групи кои ќе бидат опфатени;
  • инклузивност и еднаква достапност на активностите за сите граѓани;
  • промоција на волонтерството, граѓанската вклученост и партнерската соработка;
  • почитување на принципите на одржливо користење на јавниот простор и заштита на животната средина;
  • организациски капацитет на подносителот за успешно спроведување на активноста.

5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

За учество на јавниот повик, заинтересираните подносители треба да достават комплетна документација која ги содржи следните документи:

  1. Пополнет образец за пријава, потпишан од овластеното лице на подносителот.
  2. Предлог-програма за активности, која задолжително содржи:
    • назив и краток опис на активноста;
    • цели и очекувани резултати;
    • област на дејствување;
    • предложен датум, времетраење и термин за реализација;
    • проценет број на учесници и целна група;
    • опис на потребната опрема и начинот на користење на просторот.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите.

Рок за поднесување на пријавите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

Називот на здружението што добило средства за овој проект ќе биде објавено на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).  

 

     ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                                                                                           Д-р Горан Герасимовски 

Документи
Submitted by miai on Tue, 08/11/2026 - 09:58