ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје

Announcements
Alarm
Општина Центар
08/04/2026 - 12:35

 

 

1

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР

Скопје

 

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 36 од Статутот на Општина Центар -(„Службен гласник на Општина Центар – Скопје" бр.01/06; 12/15; 9/19; 14/19; 1/21 и 11/21), а во врска со членовите 19-а и 23 став 4 алинеја 5 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24, 193/25 и 96/26) и Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на Директор број 09-4448/1 од 30.07.2026 година, Градоначалникот на Општина Центар – Скопје  распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на Директор на Јавно претпријатие

„Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје

Градоначалникот на Општина Центар – Скопје  распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Јавно  претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ Скопје, со мандат од 4 (четири) години.

  1. Кандидати треба да ги исполнат следните општите услови и посебните услови утврдени со закон, како и посебните услови предвидени во Законот за Јавни претпријатија и тоа:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1  степен образование,;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • има минимум пет години работно искуство;
  • поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа:
  • ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) или сертификат/уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски).

  1. За исполнување на наведените услови кандидатите треба да ги достават следните документи во оригинал или фотокопија заверени кај нотар:
  • Пријава со картка биографија,
  • Мотивационо писмо;
  • Уверение за државјанство ( не постаро од шест месеци):
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност како општ услов за засновање на работен однос, потпишано од доктор на медицина специјалист по медицина на труд, издадено од здравствена организација од примарната здравствена заштита која врши дејност медицина на труд;
  • Доказ за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен ( Диплома или Уверение за завршена стручна подготовка);
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Доказ за работно искуство – Историјат за вработување од Агенција за вработување на РСМ со евидентиран стаж;
  • Доказ дека поседува еден од претходно наведените меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и
  • Предлог програма за работа и развој на ЈП „Паркинзи на Општина ЦентарСкопје за период од  4 години.

3. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа во неделата.

4. Висината на паричниот износ на основна плата изнесува 77.013,00 денари.

5. Заинтересираните кандидати бараните документи и докази за исполнување на условите треба да ги достават со пријава во оригинал или заверена копија на нотар во затворено необележано плико, по пошта или лично во архивата на Општина Центар – Скопје на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр.1, Скопје со единствена назнака: „За Јавен конкурс за избор на Директор на ЈП ПОЦ Скопје“.

6. Рокот за пријавување на кандидатите за Јавниот конкурс е 8 (осум) дена сметано од денот на негово објавување во дневните весници.

7. Пристигнатите документи ги прегледува тричлена комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар Скопје, која во рок од 8 (осум) дена по истекот на рокот на конкурсот целокупната документација ја доставува до Градоначалникот на Општина Центар – Скопје.

8. Градоначалникот го задржува правото кандидатите со уредни пријави да ги интервјуира.

9. Градоначалникот на Општина Центар – Скопје во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставување на документацијата, донесува одлука за избор на Директор.

10. Ако по распишаниот конкурс не се избере Директор, Градоначалникот на Општина Центар - Скопје, во рок од 5 (пет) дена од денот на истекот на рокот именува вршител на должноста Директор до именување на Директор по распишан конкурс, но не подолго од 6 (шест) месеци.

11.  Некомплетните и ненавремено доставено документи нема да бидат разгледани.

           ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

БРОЈ 09-4448/1 

 

Документи
Submitted by miai on Tue, 08/04/2026 - 12:33