Герасимовски: Мобилни екипи на терен и утрово, Центар не застанува по силното невреме

News
1
07/22/2026 - 09:15

Герасимовски: Мобилни екипи на терен и утрово, Центар не застанува по силното невреме

Мобилните екипи на Општина Центар и утрово се на терен и интензивно работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата по силното невреме. Службите работеа до доцна во ноќта, а веднаш по невремето повторно излегоа рано наутро, со цел што побрзо да се воспостави ред и безбедност на секоја улица.

„Работиме интензивно и сите сме максимално ангажирани за да се справиме со последиците од ова страшно невреме. Нема да застанеме додека секоја улица не биде безбедна и проодна,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. 

Граѓаните можат да пријавуваат штети на телефонските броеви 075 219 068 и 076 350 767. Општина Центар апелира до жителите да бидат ажурни во дојавите, за да може интервенцијата да биде навремена, ефикасна и целосна.

Веднаш по невремето беше активиран и  кризниот штаб на општината, кој ја координира целата акција на терен. Во расчистувањето се вклучија и граѓани кои самоиницијативно помогнаа, за што Општина Центар упатува искрена благодарност.

Галерија
Submitted by miai on Wed, 07/22/2026 - 09:11