Деветта седница ДНЕВЕН РЕД 2026 година

Announcements
Седница
Се донесува Решение за свикување на деветтата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 30.06.2026 година /вторник/, со почеток во 9.30 часот
1
06/23/2026 - 14:59

          ОПШТИНА ЦЕНТАР

  СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

    Бр.08-3858/1 од 23.6.2026 година

                    С К О П Ј Е                                                         

                                                                                                                                                                                                                       ДО                                                     

                                                                                                                                                                                                                          ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

                                                                                                                                                                                                           НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

                                                                                                                                                                                                                                                      С К О П Ј Е

Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на деветта седница на

 Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам деветтата седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 30.6.2026 година /вторник/, со почеток во 9.30 часот.

Усвојување на Записник од осмата седница на Советот.

За седницата го предлагам следниов

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје за 2027 година, бр. 04-146/1 од 28.5.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Киро Глигоров“-Скопје за 2027 година, бр. 04-458/01 од 19.5.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“-Скопје за 2027 година, бр. 04-316/1 од 15.5.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „11 Октомври“-Скопје за 2027 година,  бр. 04-224/1 од 27.5.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за 2027 година, бр. 04-149/1 од 21.5.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Коле Неделковски“-Скопје за 2027 година, бр. 04-351/1 од 5.6.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“-Скопје за 2027 година, бр. 04-353/1 од 20.5.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување на Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“- Скопје за 2027 година, бр. 04-289/1 од 2.6.2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Измената и дополната на Годишниот план за вработување во 2026 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот бр. 01-184/1 од 27.4.2026 година за систематизација на работните места во ЈУДГ на Општина ЦентарКочо Рацин“-Скопје, донесен од Управниот одбор на ЈУДГ на Општина Центар Кочо Рацин“-Скопје.

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-186/1 од 27.4.2026  година, за усогласување и упис на подружници на ЈУДГ на  Општина ЦентарКочо Рацин“-Скопје.

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈУДГ на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје бр. 02-185/1 од  27.4.2026 година.

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈУДГ на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје бр. 02-150/2 од  8.5.2026 година.

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот бр. 01-147/3 од 21.4.2026 година за систематизација на работните места во ЈУДГ на Општина Центар13 Ноември“-Скопје, донесен од Управниот одбор на ЈУДГ на Општина Центар 13 Ноември“-Скопје.

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ дооел-Скопје бр. 02-40/1 од  23.6.2026 година.

  1.  Предлог-план за измена и дополнување на план на програми за развој за период 2026-2029 година на Општина Центар-Скопје.

  1.  Предлог-програма за за измена и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за измена и дополнување на Програматата за уредување на градежно земјиште на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.   Предлог-програма за реконструкција и  санација на основните училишта на Oпштина Центар-Скопје и детски градинки за 2026 година.
  2.  Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-одлука за утврдување на условите, начинот и постапката на давање на користење на недвижен имот на основните училишта и јавните установи основани и во сопственост на Општина  Центар-Скопје

  1.  Предлог-одлука за давање на користење на деловен простор во сопственост на Општина Центар-Скопје на Здружението на пензионери на Општина Центар-Скопје.

  1.  Предлог-одлука за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје без надоместок на КК „Работнички“ АД Скопје во учебната 2026/2027 година.

  1.  Правилник за реализација на проект „Субвенции за реконструкција на фасади на колективни станбени згради".

  1.  Предлог-правилник за дополнување на Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервис за граѓаните на Општина Центар-Скопје.

  1.  Предлог-одлука за донесување/недонесување на Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 5.5 и ГП 5.14 од Измена и дополна на Детален урбанистички план Градска четврт „Дебар маало 2“, Општина Центар, Скопје.

  1.  Предлог-одлука за донесување/недонесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 5.1 и ГП 5.2 согласно Изменување и дополнување на ДУП Градска четврт Дебар Маало 1 со намена А2 – домување во згради, Општина Центар-Скопје.

  1.  Предлог-одлука за утврдување Нацрт-детален урбанистички план Градска четврт Ј 05-Барутана, Општина Центар-Скопје.

  1.  Советнички прашања.

                                                                                                                  

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.

                                                                                                                    Совет на Општина Центар-Скопје

                                                                                                                                             ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                                                                                             Виолета Велковска

Submitted by miai on Tue, 06/23/2026 - 14:55