Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

News
1
05/18/2026 - 09:33

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

Во Паркот на франкофонија, вечерва (понеделник), со почеток во 20 часот, ќе се одржи првиот детски музички фестивал „Детелинки“, организиран од Општина Центар во соработка со центарските градинки.

„Ги поканувам сите родители, семејства и граѓани да присуствуваат на фестивалот, да ги охрабрат своите деца со аплауз и заедно да уживаме во нивните изведби. Верувам дека „Детелинки“ ќе прерасне во убава традиција на Општина Центар, настан кој секоја година ќе носи нова енергија, нови идеи и нови детски приказни.“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

На сцената вечерва  ќе настапуваат децата од градинките со музичко-сценски точки подготвени заедно со воспитувачите, а програмата ќе биде збогатена со кореографии, костими, аниматори, креативни работилници и сценски ефекти кои ќе создадат вистинска фестивалска атмосфера.

Фестивалот има за цел да ја поттикне љубовта кон музиката кај децата и да ја промовира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку изведба на оригинални детски песни создадени во градинките.

„Детелинки“ е замислена како едукативен и забавен настан кој преку музика и дружење ја поттикнува креативноста, социјализацијата и самодовербата кај најмладите, но и ќе отвори простор за промоција на нови детски таленти и авторски идеи.

Submitted by miai on Mon, 05/18/2026 - 09:31