Герасимовски: Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчиња

News
1
05/15/2026 - 09:43

Герасимовски: Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчиња

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните.

По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани.

Особено внимание се посветува на младите семејства, преку финансиската поддршка за новороденче, која годинава е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.

Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се издвоени околу 4 милиони денари, а од јануари до денес се исплатени 696.681 денар.

„Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој  родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, во план е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со што ќе се одговори на потребите на семејствата од тој дел на Општина Центар.


Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.

Submitted by miai on Fri, 05/15/2026 - 09:41