ОПШТИНА ЦЕНТАР
СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Бр.08-3107/1 од 12.5.2026 година
С К О П Ј Е
ДО
ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ
НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
С К О П Ј Е
Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на осмата седница на
Советот на Општина Центар-Скопје
Ја свикувам осмата седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на 19.5.2026 година /вторник/, со почеток во 14.00 часот
Усвојување на Записник од седмата седница на Советот
За седницата го предлагам следниов
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/37 од 23.4.2026 година за усвојување на Годишниот извештај за работењето во 2025 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје со финансиски извештај (за периодот од 1.1.2025 година до 31.12.2025 година), донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
2.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/40 од 23.4.2026 година за усвојување на Годишната сметка за 2025 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
3.Разгледување на Кварталниот извештај за работењето на КК „Работнички“ АД Скопје за период од 1.1.2026 година до 31.3.2026 година.
4.Разгледување на Финансиски извештај за 2025 година на Трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ дооел-Скопје.
5.Одлука за давање согласност на Измена на Годишниот план за вработување во 2026 година на Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје.
6.Предлог-одлука за утврдување на условите, начинот и постапката на давање на користење на недвижен имот на основните училишта и јавните установи основани и во сопственост на Општина Центар-Скопје.
7.Предлог-одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период (кумулативно) од 1.1.2026 до 31.3.2026 година.
8.Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за членовите на Управниот и Надзорниот одбор во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
9.Предлог-решение за именување член на Советот на Општина Центар-Скопје во Локалниот Управен Комитет за изработка на Локален Еколошки Акционен План за животна средина (ЛЕАП) на Општина Центар-Скопје 2026-2032 година.
10.Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на ул.„Тодор Александров“-6 и ул.„Тодор Александров“-7, блок 6 во Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 06-дел од локалитет Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, плански период 2016-2021, Општина Центар-Скопје (Одлука бр.08-5980/6 од 10.12.2019 год.).
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.
Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.
Совет на Општина Центар-Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Виолета Велковска