Врз основа на член 63 став (11) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20; 111/23; 171/24; 224/24; 40/25; 101/25; 127/25) Општина Центар - Скопје објавува
ОГЛАС за ЈАВНО ИЗЛАГАЊЕ
на Проектна програма со план за парцелација за Урбанистички проект со план за парцелација со намена А2 домување во згради за спојување на ГП 19.12 и 19.13 од Изменување и дополнување на ДУП за Буњаковец 2 Одлука број 07-9331/10 од 10.12.2012) КО Центар 1 Општина Центар – Скопје
Во согласност член 63 став (10) од цитираниот Закон, комисијата за урбанизам, формирана од градоначалникот со Решение бр. 09-73/1 од 8.1.2026 година, достави Известување со бр. 09-1057/3 од 17.3.2026 година до непосредните соседи од соседните градежни парцели и останатите сопственици во проектниот опфат, вкупно 14 (четиринаесет) препорачани пратки со доставници. Во согласност со член 63 став (11) од Законот, 7 (седум) доставници се вратија во Општината со доказ за извршен прием, а 7 (седум) се вратија со доказ за неизвршен прием на препорачаната пратка и врз основа на таквата фактографија ги известуваме непосредните соседи од соседните градежни парцели, ОДНОСНО останатите сопственици во проектниот опфат што не се баратели на предметната промена на градежните парцели 19.12 и 19.13 од Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, Општина Центар — Скопје, за намерата на барателите за спојување на двете градежни парцели во една и можноста за поднесување приговор на Проектната програма со скица на предлог-планот за парцелација и новата диспозиција на површините за изградба.
Предметниот проектен опфат (градежни парцели 19.12 и 19.13) е дефиниран со претходно одобрена планска документација — детален урбанистички план, и тоа: Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, Општина Центар - Скопје, донесен од Советот со Одлука број 07-9331/10 од 10.12.1012 година.
Јавното излагање ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје, на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, во барака бр. 3 канцеларија бр. 6 на 19.5.2026 година, од 9 до 11 часот, и во закажаниот термин заинтересираните физички и правни лица можат да достават приговори на Планската програма.
Огласот за организирање на јавно излагање на цитираната Проектна програма ќе сe објави на веб страната на Општина Центар - Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.
Раководител на Сектор за урбанизам
Танкица Христова Спасовска, диа
___________________________