ЈАВЕН ПОВИК
За доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар-Скопје за купување велосипеди и е-велосипеди, и за купување на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди , во 2026 година
Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување велосипеди, е-велосипеди и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, звонче, безбедна сајла, катанец и сл., за велосипед, е-велосипед во 2026 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2026 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број 5/26), Општина Центар – Скопје се грижи за животната средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до нов велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема за велосипед и е- велосипед.
Јавниот повик е отворен од 29.04.2026 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје, или до завршувањето на Јавениот повик, не подоцна од 01.12.2026 година по принципот, „прв дојден, прв услужен“.
Со Јавниот повик ќе се субвенционира 30% од цената за купување на велосипеди, е-велосипеди, но најмногу до 3.000 денари и 30% од цената за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед, но најмногу до 1.000 денари.
Секој полнолетен жител на Општина Центар - Скопје, што купил велосипед, е-велосипед, и дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, звонче, безбедна сајла, катанец и сл., за велосипед или е-велосипед, започнувајќи од 21.03.2026 година, потребно е да ги достави следниве документи:
- Барање за субвенција за купување на велосипед, е-велосипед, и дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед (достапно е во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака бр.6) и на веб – страницата на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Фискална сметка во оригинал или фактура со доказ за извршена уплата.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, среда од 29 април. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.