Герасимовски:  Игралиштето „Дрвен“ повторно во функција , со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите

News
1
04/20/2026 - 09:56

Герасимовски:  Игралиштето „Дрвен“ повторно во функција , со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите

Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед.

Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.

Реконструирана е и оградата на кошаркарското игралиште, со што просторот доби поуреден и посигурен карактер. Во катчето наменето за помладите поставена е нова гумена подлога која обезбедува поголема безбедност и отпорност на температурни промени. Во новоуредениот  простор за седење и одмор, родителите  можат да го поминуваат слободното време на отворено додека нивните деца  играат.

Игралиштето доби и ново амбиентално осветлување , централна црвена канделабра, што дополнително придонесува за модерен изглед и подобра функционалност на просторот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека реконструкцијата е дел од пошироката пролетна офанзива за уредување на детските игралишта во локалната самоуправа. 

„Продолжуваме со реконструкција кај КАМ маркет, кај ,,Зебра” и на сите детски игралишта каде што има оштетени реквизити. Истите ќе бидат заменети во текот на овој месец“, рече Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните за одговорно користење и грижа за  јавното добро и урбаната опрема.

Галерија
Submitted by miai on Mon, 04/20/2026 - 09:53