Дводневен шаховски турнир за учениците во ООУ „Димитар Миладинов“

News
1
03/24/2026 - 17:06

Денес, во ООУ „Димитар Миладинов“, со особено задоволство го отворив дводневниот шаховски турнир наменет за учениците од прво до деветто одделение.

Нашите најмлади шахисти покажаа завидни вештини, концентрација и спортски дух. Со трпелива и внимателна игра, тие докажаа дека и во дигиталната ера, вистинските вредности на друштвените игри имаат своја посебна тежина.

Шахот не е само игра – тој развива логика, стратегија и дисциплина, квалитети кои се од големо значење за развојот на  секое дете.

Општина Центар останува посветена на поддршка и поттикнување на вакви настани, кои ги мотивираат младите да растат во здрав, креативен и интелектуален дух.

Submitted by miai on Tue, 03/24/2026 - 17:06