Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург

News
1
02/25/2026 - 15:28

Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург


Македонските репрезентативци интензивно тренираат и се подготвуваат за претстојниот дуел со Луксембург, а подготовките ги одржуваат во реконструираната спортска сала Работнички.


„Ми претставува големо задоволство што токму нашата сениорска селекција имаше можност прва да зачекори на новиот паркет во реконструираната сала. Сите се надеваме на победа во петок, прва победа по вчерашното отворање на салата. Горд сум што Општина Центар е домаќин на ваков натпревар. Изградивме сала по ФИБА-стандарди и го отворивме патот за натпревари од ваков ранг, но и место  каде што ќе се тренира, ќе се учи и ќе се развива кошарката. Нека ни се редат победите и успесите“, порача  градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


Натпреварот Македонија – Луксембург, во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2029 ќе се одигра в петок со почеток во 18:00 часот.

Галерија
Submitted by miai on Wed, 02/25/2026 - 15:31