КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО УРЕДЕНО УЧИЛИШТЕ СО РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Announcements
Alarm
Јавен повик
02/16/2026 - 14:47

 

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО УРЕДЕНО УЧИЛИШТЕ

СО РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ

ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

  Општина Центар-Скопје распишува конкурс на тема „Учиме да рециклираме  - заедно креираме“ за избор на најдобрo уредено училиште (училница или кабинет) со рециклирани материјали.

      

      I ЦЕЛ НА НАТПРЕВАРОТ

      Цел на натпреварот е да се подигне свеста на учениците, родителите и наставниот кадар за важноста на животната средина. Рециклирањето претставува модел за заштита на нашето опкружување и како процес може да се претстави во креативно осмислување и уредување на внатрешен училиштен простор, одредена училница или кабинет.

II  ПРАВО НА УЧЕСТВО И КРИТЕРИУМИ

     Право на учество на конкурсот имаат учениците од прво до дететто одделение, нивните родители и наставниот кадар од сите основни училишта на територија на Општина Центар-Скопје, при што задолжително е почитување на следниве критериуми:

  1. На конкурсот може да се пријават само основните училишта од територијата на Општина Центар-Скопје.
  2. За реализирање на наведената тема задолжително е користење на предмети, украси и разни реквизити што се направени исклучително од рециклирани материјали.
  3. Изработките мора да бидат оригинални и училиштето претходно да не ги има пријавено или користено за учество на други натпревари.

III РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

      Пријава за учество на конкурсот и фотографии од уредениот простор треба да се достават до Архивата на Општина Центар-Скопје (Барака 6) ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 Скопје, од 9:00 до 15:00 часот, со назнака: До Сектор за јавни дејности - За награден конкурс „Учиме да рециклираме - заедно креираме“. Заинтересираните може да се пријавуваат на конкурсот од 16.2.2026 година до 15.5.2026 година.

На секоја творба ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се наведат податоци за учесникот (училиште, одделение, ментори).

Учеството е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите училишта од Општина Центар-Скопје.

IV  ИЗБОР

 Доставените пријави за конкурсот ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје. Комисијата, составена од претставници на јавната администрација од соодветните сектори и членови на Советот на Општината, ќе изврши увид и избор на најкреативната училница или кабинет во кои максимум се почитувани наведените критериуми.

V  СРЕДСТВА И НАГРАДИ

      Во Програмата за образование за 2026 година предвидени се финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје со кои Општината ќе обезбеди парична награда за училиштата што ќе освојат прво, второ и трето место на конкурсот.

    Наградите ќе бидат доделени во мaj 2026 година. 

    Конкурсот ќе биде објавен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и во општинските основни училишта.

 

                                                                                ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Submitted by miai on Mon, 02/16/2026 - 14:39